Дваесетгодишен кавадарчанец прегазил пешак нешто по полноќ во средата, по што пешакот подоцна починал во болница.
Како што соопшти полицијата, на ул. „Страшо Пинџур“ се случила сообраќајна незгода во која С.Ц. (20) од Кавадарци, управувајќи автомобил „Форд Фокус“ со кавадаречки регистарски ознаки, удрил во пешакот Л.Ј. (57) од Кавадарци.
Повредениот бил пренесен во Општа болница Кавадарци од каде, поради сериозноста на повредите, бил префрлен во Клинички центар Скопје, каде од здобиените повреди истиот ден во попладневните часови починал.