Уценуван претставник на ДИК

На 01.12.2016 година во 00.45 часот во СВР Битола, претставник на ДИК, пријавил кривично дело „уцена“.  Имено, на 30.11.2016 година околу 16.33 часот додека со уште две лица, патувал за Битола, поради надзор за печатење на избирачки материјал, на неговиот службен мобилен телефон му се јавило лице кое му се претставило декае од дневен весник. 

Лицето го прашало зошто ја одбил понудата за печатење на кандидатските листи за пратеници за претстојните парламентарни избори во весникот. На тоа пријавителот одговорил дека имал подобра понуда од друг дневен весник.

При разговорот пријавителот забележал дека разговара на интерфон, при што во разговорот се вклучило друго лице, кое се претставило како главен и одговорен уредник на дневниот весник. Истиот му рекол дека не смеел да биде против објавувањето на кандидатските листи, а воедно му се заканил со компромитирање на личноста, со објавување на лаги и невистини во весникот, доколку не се објават листите во нивниот весник.  Лицето му упатувало и разни погрдни и навредливи зборови и доколку не му била вратена одредена сума на пари (20.000 евра) ќе бил даден на суд. Се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот.