На 30.11.2016 година околу 00.10 часот во Битола во комплексот „Пелагонка 2“, Д.П. (69) од Битола физички бил нападнат од непознат сторител, кој го удирал со рацете во пределот на главата и телото.
После тоа му извршил пребарување по џебовите, му одзел 500 денари и му се заканил дека ако го пријави случајот во полиција ќе го убие. СВР Битола презема мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на настанот.