Една жена загина, а тројца се повредени во сообраќајка на патот Штип-Кочани

Една жена од село теранци, кочанско загина при судар на две возила на магистралниот пат Штип – Кочани во средата.

Имено, во вторникот, во 16.40 часот на крстосницата од магистралниот пат Штип – Кочани со улицата „Брегалничка“ се случила сообраќајна незгода помеѓу автомобил „Опел Тигра“ со штипски регистарски ознаки, управувано од Ј.К. (40) од село Теранци, и џип „Чироки“ со бугарска национална ознака, управувано од И.К. (51) од Пехчево.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила С.К. (65) од село Теранци, сопатничката од „Опел-от“, која била пренесена во Клиничка болница Штип каде починала. Возачот на автомобилот „Опел“ се здобил со тешки телесни повреди и е задржан на лекување во болницата во Штип.

Возачот на џипот „Чироки“ и сопатничката Р.К. (44) од Пехчево се здобиле со телесни

повреди. По укажаната лекарска помош во Клиничката болница Штип истите се пуштени на домашно лекување.

Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и екипа од СВР Штип. Во периодот од 18.30 до 20 часот сообраќајот се одвивал наизменично по една коловозна лента.