Анкета: И Италија сака да ја напушти ЕУ

Значителен дел од населението во земјите од Европската унија(ЕУ) се залага за спроведување на референдум за излегување од Унијата, најмногу во Италија, 53 отсто, покажуваат резултатите на анкетата на Спутник.

Во Франција 47 отсто од населението ја поддржува ова иницијатива, во Германија 43 отсто, Шпанија 39 отсто и Полска 38 отсто.

На прашањето „Дали сакате референдум за излегување од ЕУ според британскиот модел?“, негативно одговориле 62 отсто од Полјаците, 61 отсто Шпанци, 57 отсто Германци, 53 отсто Французи и 47 отсто Италијанци.

Во споредба со јули 2016 година, бројот на приврзаници на референдумот пораснал во Шпанија од 34 на 39 отсто, во Италија од 46 на 53 отсто, додека во Полска од 33 на 38 отсто.

Анкетата ја спроведе француската компанија Ifop, во период од 22 до 26 октомври врз примерок од 5.019 граѓани на Франција, Германија, Шпанија, Италија и Полска, пренесува Спутник.