Војската на Украина започнала да истрелува ракети во јужниот регион на земјата, соопшти денес портпаролот на вооружените сили на Русија, пренесува „Sputnjik”.
Истиот извор го цитира портпаролот кој рекол дека најблиската точка на поминување на проектилите покрај полуостровот Крим била 30 километри.
Руската Црноморска флота зазела позиции долж западниот брег на Крим за да го брани воздушниот простор на овој регион во текот на планираното дводневно стрелање ракети на југот на Украина, објави руската агенвија RIA Novosti.
Еден извор тврди дека посадите на системот за воздушна одрбрана се ставени на високо ниво на борбена готовност, и не ја отфрли можноста на бродовите да биде прогласено највисоко ниво на подготвеност.
Руската агенција за воздушен сообраќај соопшти минатата недела дека едностраната одлука на Украина да спроведе воена вежба со истрелување ракети недалеку од Симферопол претставува кршење на меѓународната спогодба.
Вежбите со користење на ракети, кои ќе бидат одржани на 1 и 2 декември, навлегуваат во рускиот цивилен воздушен простор и претставуѕваат закана за безбедноста на авионите, соопшти агенцијата за воздушен сообраќај.
„Украинската вежба е еден вид залажување на јавноста со цел е да се создаде нервоза, но во секој случај војската ова го смета за вистинска и можна закана, и руските противвоздушни сили на Крим се ставени на највисоко ниво на приправност,“ рекол изворот за агенцијата TASS.