Куп на Кралот: Барса ремизираше против третолигашот Еркулес

Фудбалерите на Барселона ремизираа со третолигашот Еркулес во првиот натпревар од шеснаесетфиналето во Купот на Кралот. Од друга страна Реал веќе се пласира во осминафиналето, откако во двомечот против Леонеса славеше со вкупни 13:2.

Луис Енрике, во пресрет на дербито со Реал, на Еркулес мусе спротивстави со комбиниран тим без Меси, Нејмар, Суарез, а нападот го предводеа Арда Туран и Пако Алкасер.

Третолигашот од Аликанте успеа да одигра без голови во првото полувреме, а во второто стигна до водство со голот на Давид Мајнс во 52.минута.

Конечниот резултат, шест минути подоцна, го постави 18-годишниот Карлес Алена.

Реал поради настапот на Светското клупско првенство веќе ги одигра двата натпревари против Леонеса и по триумфот од 7:1 во првиот, во второтот меч на домашен терен славеше 6:1

Со исклучок на Барселона и Малага која загуби во Кордоба со 2:0 останатите фаворити беа сигурни во првите мечеви. Атлетико победи со 6:0 кај Гуихело, Селта минимално победи во Мурсија 1:0, Форматера загуби од Севилја 1:4, а Виљареал како гостин победи во Толедо со 3:0.