Рускиот претседател Владимир Путин и неговиот турски колега по должност Реџеп Тајип Ердоган во средата телефонски разговарале за ситуацијата во Сирија, откако Москва претходно објави дека очекува од Анкара да ја појасни изјавата на турскиот челник од вторникот дека турските сили во Сирија се навлезени за да го соборат сирискиот претседател Башар ал-Асад кој е руски сојузник, но од Кремљ не сакале да прецизира за што конкретно било разговарано.
„Имаше широка размена на мислењата“, изјавил за русите медиуми портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, одговарајќи на прашањето дали од турската страна било добиено појаснување за турските позиции за Сирија.
Претходно Песков изјави дека Москва е изненадена од изјавата на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган на симпозиум во Истанбул дека целта на операцијата на турските вооружени сили за соборувањето на владата на сирискиот претседател Башар ал-Асад.
„Се надеваме дека во најскоро време ќе добиеме појаснување од нашите турските партнери“, изјави во средата претпладнето Песков.
„Изјавата којашто е целосно спротивна со претходните (турски) изјави и со нашето разбирање на ситуацијата како држава, дека вооружените сили кои единствено се легитимни на територијата на Сирија, се оние кои се под контрола на легитимните власти“, истакна портпаролот на Кремљ.
Одговарајќи дали тонот или темата во текот на минатонеделниот разговор меѓу Ердоган и Путин била најавена таквата турска позиција, Песков истакнале дека турскиот челник не дал изјави за такви планови на Анкара.
Во телефонскиот разговор од средата меѓу Путин и Ердоган, трет во последните пет дена, станало збор за „актуелните прашања од руско-турските односи, вклучително и скорешните билатерални контакти на различни нивоа“, а исто така „продолжи деталната размена на мислења за сириската проблематика, вклучително и ситуацијата во (северниот сириски град) Алепо“, соопшти официјално Кремљ.