Земјотрес бил почувствуван во среда попладне во југоисточниот дел на Македонија, чиј епицентар бил во соседна Грција.
Како што информираат од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, земјотресот се случил во 18 часот и 36 минути со Рихтерова локална магнитуда 4.2. степени.
Според досегашните податоци, земјотресот беше почувствуван во југоисточниот дел на Република Македонија и тоа во Гевгелија и Богданци со интензитет од V степени според Европската макросеизмичка скала, а во Валандово и Струмица со интензитет од IV степени според истата скала.