Седумгодишно дете било прегазено на улица Александар Урдаревски во близина на Зелениот пазар.
Како што соопшти полицијата, повреденото дете од страна на возачот било пренесено до амбулантата во нас.Бутел по што го напуштил лице местото, а повреденото дете со возило на брза помош било пренесено во ГОБ Св.Наум Охридски, каде биле констатирани тешки телесни повреди (скршена лева клучна коска на рамото) и по укажаната лекарска помош е пуштено на домашно лекување.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.