Полицаец од Штип паднал и се здобил со повреди на главата при вршење увид во сообраќајка.
Како што соопшти полицијата, во вторникот во 10,25 часот на крстосницата во Штип, на крстосницата од ул.„Бул.ЈНА“ со ул.„Борис Кидрич“ при вршење увид од страна на полицаец од ПС Штип, на случена сообраќајна незгода помеѓу два автомобила, тој паднал и се повредил во пределот на главата.
Со возило на итна помош е пренесен во ЈЗУ-КБ-Штип, каде му се консатирани тешки повреди (контузија на меките тела на лицето и скршеница на носна коска), по што му е укажана лекарска помош и е задржан на понатамошно лекување.