Кливленд загуби во Милвоки, а изненадувачи победи забележаа Орландо против Сан Антонио, односно Бруклин против Клиперси. Индивидуално натпреварите кои изминатата ноќ се одиграа во НБА лигата ги обележаа Ентони Дејвис, Шон Килпатрик и Јанис Адетокумбо.
Актуелниот шампион Кливленд во Милвоки го доживеа третиот пораз во сезоната. Грчкиот репрезентативец Адетокумбо со 34 поени, 12 скокови, две блокади и по пет асистенции и украдени топки го предводеше Милвоки во победата 118:101. Гркот одлично го надополнија Мајк Бизли и Џабари Паркер кои постигнаа по 18 поени. Леброн Џејмс со 22 и Кајри Ирвинг со 20 поени беа единствените со двоцифрен ефект во редовите на Кливленд.
Њу Орлеанс убедливо славеше во дуелот со Лејкерси 105:88. Ентони Дејвис повотрно одигра брилијантен меч имаше учинок од 41 поен и 16 скокови.
Драматичен меч одиграа Клиперси и Бруклин, кој по две продолженија им припадна на гостите 122:127. Бруклин до триумфот го предводеше Шон Килпатрик со 38 поени, што е негов рекорд во НБА кариерата. Крис Пол со трипл дабл (26 поени, 13 асистенции, 10 скокови) ги предводеше Клиперси.
Орландо изненадувачи славеше против Сан Антонио 95:83, Детроит победи во Шарлот 112:89, додека Јута загуби од Хјустон 101:120.