Најмалку двајца рудари загинаа, а уште шестмина се водат како исчезнати во земјотресот што го погоди рудникот „Рудну“ во југозападна Полска, објави полската агенција PAP.
Земјотрес со јачина од 4,4 степени според Рихтер го погоди југозападниот дел на Полска, во близина на градот Полковица каде се наоѓа рудникот на државната компанија KGHM.
Иако не е со голема јачина, земјотресот сепак се покажа како разорен поради тоа што се случил на длабочна од 10 километри.