Кутињо пропушта осум натпревари

Еден од најдобрите, ако не и најдобриот фудбалер на Ливерпул Фелипе Кутињо, поради повреда ќе биде надвор од тимот пет до шест недели.

Фелипе Кутињо ги повредил лигаментите на натпреварот со Сандерленд (2:0). Кутињо ќе ги пропушти мечевите со Бормут, Вест Хем, Мидлсброу, Евертон, Стоук, Манчестер Сити и дуелот од третото коло од ФА купот.

Ливерпул очекува дека Бразилецот ќе биде подготвен за големото дерби со Манчестер Јунајтед кој ќе одигра на 15.јануари 2017.