Во кампусот на Универзитетот Охајо Стејт во САД, во моментот е огласен аларм за тревога, поради присуство на активен напаѓач, вооружен со огнено оружје.
Медиумите неофицијално пренесуваат дека меѓу три и седум луѓе се префрлени во болница, а наведуваат дека еден најверојатно е мртов. На другите студенти им е советувано да се сокријат, да побегнат или во краен случај да возвратат. Официјални податоци за ситуацијата нема.
Кампусот е преполн со полиција и специјални екипи, а местото го надлетува и хеликоптер. Драмата во кампусот се случува околу 10 часот наутро по локално време.