Јункер: Голема грешка на Обама е да ја нарече Русија „регионалана сила“

Американскиот претседател во заминување Барак Обама направи голема грешка нарекувајќи ја Русија „регионална сила“, изјави во интервју, претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер. Тој смета дека Европа, треба да ја третира  Русија како „еден голем ентитет и горда нација“ и има многу да учат за тоа.

„ЕУ зафаќа 5,5 милиони квадратни километри, Русија 17,5 милиони. Русија мора да се третира како еден голем субјект, како горд народ“, изјавил за Еуроњус (Euronews), претседателот на Европската комисија.

Тој призна дека ЕУ е „многу неука за Русија“ во овој момент, и дека „ние имаме многу да учиме“.

Јункер, кој е на чело на Европската комисија во изминатите две години, го критикуваше американскиот претседател Барак Обама, кој во 2014 година ја нарече Русија “регионална сила која се заканува на некои од нејзините непосредни соседи, не поради сила туку од слабост “.

Тој истакна дека ЕУ не зависи од надворешната политика на САД. Вашингтон „може да прави што сака да се направи и Европејците ќе имаат свои интереси во рамките на нивната свера на управувањето”, изјави тој, осврнувајќи се на сегашната состојба на билатерален дијалог Брисел – Москва.

На тема санкции, Јункер истакна дека нема аргумент за укинување на санкциите, но при тоа додаде дека тој сепак би сакал ЕУ да се помири со Москва, „имајќи на ум дека без Русија, не постои безбедносна архитектура во Европа.“