Изгоре стан во Скопје, баба доби изгореници

Во саботата вечерта, настанал пожар во стан во Скопје, при што една жена на возраст од 72 години се здобила со изгореници од втор степен на нозете.

Имено, како што соопшти полицијата, во саботата, во 20.45 часот С.М. пријавила дека на бул.„Јане Сандански“ на приземјето настанал пожар во стан.

Од пожарот со изгореници на нозете се здобила Т.З. (72) и со возило на брза помош била пренесена во ГОБ „Св.Наум Охридски“ од каде била пренесена во Ургентниот центар „Мајка Тереза“ каде и биле констатирани изгореници од втор степен на долните екстремитети и била задржана на понатамошно лекување.

Во 22.30 часот, од екипа на пожарната, пожарот е изгаснат. Станот бил целосно опожарен, а како причина за пожарот наведена е експлозија на мала плинска боца за варење кафе. Увид ќе се изврши во недела.