Осум билборди на кои се наоѓале пропагандни материјали за изборната кампања на Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ во Штип биле искршени во саботата.
Во 2.10 часот во полиција Е.П.(39), пријавил дека истиот ден во времето околу полноќ од страна на непознати лица биле оштетени осум билборд табли кои биле поставени на повеќе места на подрачјето на Штип, а на нив биле поставени плакати од предвремени парламентарни избори од страна на политичката партија „Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ“./