Интер испадна од Лига Европа, Руни рекордер на Јунајтед

Комплетното петто коло во фудбалската Лига Европа се одифгра воп четвртокот. Фаворитие во најголем дел ја оправдаа својата улога, со исклучок на Интер, кој и со новиот тренер Стефано Пиоли реди порази.

Екипата на Интер продолжува со лошите резултати во новата сезона. Ниту промената на тренерот барем засега не му носи резулта на славниот милански клуб. Интер уште еднаш се изрезили против Хапоел, откако успеа да загуби иако имаше водство од 0:2.

Манчестер Јунајтед го совлада Феенорд 3:0,а Вејн Руни кој го постигна првиот гол влезе во клупската историја. Руни го постигна 39-гол во европските натпревари, сп што стана најдобар клупски стрелец.

На коло до крајот о наредната фаза веќе се пласираа Зенит, Шахтјор, Ајакс, Шалке, Андерлехт, АПОЕЛ, Олимпијакос, Сент Етиен, Атлетик Билбао, Генк.

Група А: Фенербахче-Зорја 2:0, Манчестер Јунајтед-Феенорд 3:0

Група Б: Астана-АПОЕЛ 2:1, Олимпијакос-Јанг Бојс 1:1

Група Ц: Габала-Андерлехт 1:3, Сент Етиен-Мајнц 0:0

Група Д: Зенит-Макаби 2:0, Дандалк-АЗ Алкмар 0:1

Група Е: Австрија Виена-Астра 1:2, Рома-Викторија Плзен 4:1

Група Ф: Атлетик Билбао-Сасуоло 3:2, Генк-Рапид Виена 1:0

Група Г: Ајакс-Панатинаикос 2:0, Селта-Стандард 1:1

Група Х: Гент-Брага 2:2, Шахтјор-Коњаспор 4:0

Група И: Краснодар-Салцбург 1:1, Шалке-Ница 2:0

Група Ј: Фиорентина-ПАОК 2:3, Слован Либерец-Карабах 3:0

Група К: Хапоел-Интер 3:2, Спарта Прага-Саутемптон 1:0

Група Л: Цирих-Виљареал 1:1, Стеауа-Османлиспор 2:1.