Густата тропска шума на полуостровот Јукатан во Мексико, е преполна со дупки наречени „сеноти“, каде што варовникот се распаднал изложувајќи ги на отворено подземните води.
Една од најпознатите ткн. дупки во тој регион е „Ангелита“, која содржи подземна река што тече на околу 30 метри под површината. Оваа река, каде што солената вода се меша со слатката, е прекриена со дебел облак на водород сулфат, кој е смртоносен за човекот.
Се наоѓа во близина на Тулум, античкиот град на Маите, на источниот брег на полуостровот Јукатан, сенотата „Ангелита“ или мал ангел на површината изгледа сосема нормално.
Овој мирен базен со свежа вода, е опкружен со вегетација, но 30 метри надолу се наоѓа маглива река која тече самостојно.
Овој облак којшто е безбоен токсичен гас, кој има мирис на расипано јајце се протега на повеќе од три метри и тоа го прави нуркањето исклучително тешко.
Канадскиот снимател Мајк Кори во видеото кое го објавил на каналот „YouTube“, вели дека откако ќе се навлезе во облакот започнува нешто што наликува на „ноќно“ нуркање, но тој не советува употреба на батериски ламби.
„Имате само неколку минути над слојот пред повторно да почнете да се движите во нагорна линија. Тој е еден непријатен пејзаж, со скаменети дрва кои излегуваат надвор од облакот. Маите верувале дека сенотите биле портал на подземјето, и откако го посетив местото, можам да разберам зошо“.
Кори признава дека ова е најверојатно едно од најнапредните нуркања кои тој досега ги направил, и дека нуркачите ги фаќа паника кога ќе навлезат во магливиот слој и не можат да видат ништо.
Овој токсичен облак се појавил така што, „сенотите“ се исполнуваат со слатка и со солена вода, што предизвикува тонење на варовникот тоне, кој создава голем резервоар, каде што ново изложената слатка подземна вода се среќава со солената вода која се влева од океанот преку подземен канал.
„Исто како што се случува со маслото и водата, слатката вода ќе лебди над погустиот слој на солена вода, и таму каде што се мешаат ќе се формира слој на соленкаста вода наречена халоклин“, објаснува Џенифер Берглунг за „Discover Magazine“.
„Додека слатката и солената вода се бистри, халоклинот се појавува како замаглено дефинирано течно тело кои се бранува во внатрешноста на водата“, додава таа.
Овој слој делува како една бариера, ги спречува листовите од околната шума заедно со пластичните ќеси, конзерви и други отпадоци да потонат во погустата солена вода.
Заедно со остатоците, горниот слој на слатка вода содржи повеќе кислород од солената вода подолу и поддржува сосема различни форми на живот.
Кога голем дел од вегетацијата и органската материја ќе навлезат во дупката, гнилежот и разложувањето може да предизвикаат дебел облак на водород сулфат, како што може да се види во сенотата.