Во Токио падна првиот снег, а ваква појава во ноември се нема случено во последниве 54 години, јавија светските медиуми.
Жителите на јапонската метропола беа изненадени бидејќи температурите во тоа време од годината обично се движат помеѓу 10 и 17 Целзиусови степени.
Снегот, предизвикан од невообичаено студеното време, предизвикал мали доцнења во јавниот превоз.
Јапонската метеоролошка агенција (JMA), предупреди на можни подмрзнати коловози, снег на електрични жици и дрвја, пренесува Japan Times.