ВИДЕО Турција: Експлозија пред канцеларијата на гувернерот на Адана

Најмалку две лица загинаа, а 16 се повредени во експлозија пред канцеларијата на гувернерот во Адана, во југоисточна Турција. Според првичните извештаи, експлозијата е предизвикана од автомобил натоварен со експлозив.

Веста за експлозијта ја пренесоа локални турски медиуми, наведува Ројтерс.

Провинцискиот гувернер Махмут Демиртас во изјава за државната агенција Анадолу рече дека бомбата била детонирана во возило паркирано пред зградата.

Возилото експлодирало во 8.05 часот по локално време,  на паркингот крај влезот на канцеларијата на гувернерот.

Се претпоставува дека нападот е извршен од жена, рече гувернерот, без да открива повеќе детали за инцидентот.

Како и по претходните напади, турските власти ведбаш забранија емитување видео снимки од екплозијата.

Агенциите потсетуваат дека курдски и левичарски екстремисти, како и исламисти извршија серија бомбашки напади во Турција во последниве години.