Челниците на ФИБА потврдиле дека од Евролигата побарале победникот на Лигата на шампионите на ФИБА да обезбеди пласман во ова елитно натпреварување.
Претседателот на ФИБА Европа, Тургај Демирел, и генералниот секретар Камил Новак, за специјализираниот кошаркарски сајт Eurohoops потврдиле дека ова го побарале од Евролигата.
„ECA го има монополот во организацијата на Евролигата. Ние бараме ФИБА лигата на шампиони и Еврокупот да имаат ист третман. Сметаме дека ова е разумно и коректно барање. Би било добро доколку го прифатат предлогот и на победникот на ФИБА Лигата на шампиони му обезбедат место во Евролигата“, изјавиле Демирел и Новак.
Челниците на ФИБА Европа, одоговарајќи на новинарско прашање, демантирале дека вршат притисок врз клубовите кои одбраа да настапуваат во Еврокупот, но во исто време очекуваат националните сојузи до 25. декември да ги известат какви мерки преземале кон овие клубови.