Фронтменот на белградскиот бенд Бајага и инструктори, Момчило Бајагиќ Бајага, првпат ќе настапи на заеднички концерт заедно со Ареа и Прљаво казалиште во Скопје, а се очекува да приредат комплетен спектакл со три деведесет минутни концерти во спортската сала „Борис Трајковски“.
Со настапот на овие три бенда, организаторот „Авалон продукција“ очекува манифестацијата во траење од чест часа да понуди комплетно бегање од реалноста за сите посетители на овој несекојдневен концерт, планиран за 3-ти декември годинава.
Бајага, во вторник беше во Скопје и на обожавателите им порача дека дека прв ат свири со други бендови и дека е задоволен од идејата да се востанови манифестацијата „Ол ју нид ис лав“, што треба да стане традиција.
Трите бенда, на публиката во Скопје ќе ѝ понудат трибјут „Екатерина Велика“, на тој начин што концертот ќе го отворат со музицирање на најдобрите остварувања на овој култен екс југословенски рок-бенд.
Момчило Бајагиќ на прес-конференцијата изјави дека му причинвуа огромно задоволство што е повторно во Скопје по долго време, за првпат во салата „Борис Трајковски“. Големата балканска ѕвезда зборуваше за чувствата како е да се живее во денешницата, во време на транзиција и рече дека се брани со музика и со убави мисли и дека е сé уште оној стар романтичар во душата
„Сé уште сум романтичар во душата и тоа се гледа во моите песни. Ова време кое го живееме влијае на мене ,оваа транзиција, но мислам дека со музиката и со убави мисли се бранам“, рече популарниот Бајага.
„Прв пат свирам на еден групен концерт со други бендови, многу ми е мило што е ова прв концерт од една манифестација што би требало да стане традиционална. ‘Ол ју нид ис лав’ вие го позајмивте тоа од мене, јас го позајмив тоа од Битлси да бидам искрен, секако ќе ја свириме и таа песна, би било глупаво да не ја свириме таа песна,така е насловен концертот, ќе има најмалку шест часа музика, ќе биде една убава журка пред Нова година и пред овие зимски празници кои ни доаѓаат. Ќе имаме многу концерти во текот на оваа сезона и ден пред тоа свириме во Загреб, потоа одиме во Виена, Скопје ни е тука некаде помеѓу, ќе бидеме во топ форма и ќе има избор од сите мега хитови од сите периоди од кариерата.
„Битлси и Стоунси, со тоа што, јас кога почнав да слушам музика веќе Битлси се распаднаа, веќе не постоеја и нивните песни ги слушав како песни од еден феноменален бенд, кој постоел. Стоунси како што гледаме сé уште се активни, тие ми се еден од најомилените рок бендови, просто е неверојатно некој да биде голема ѕвезда во 1962-та и сега пак да свири и да има стотина илјади луѓе на концерти…Стоунси се единствени и што се однесува до долготрајноста и воопшто …“, одговори Бајага на новинарско прашање за тоа колку музиката на овие две култни музички групи влијаелот на неговиот развој како музичар.
За тоа дали по толку многу време, толку многу музика и искуство, сé уште мисли дека љубовта го движи светот и колку е навистина потребна да останеме нормални Бајага кусо возврати оти „мислам дека љубовта е најмоќната сила на светот, јас сум секогаш на страната на љубовта..“
Кога станува збор за концеретите на Бајага и интруктори, публиката е навистина од сите генерации, има и наши генерации и постари, рече музичарот. „Има и ‘клинци’ и тинејџери, дури и многу често доаѓаат деца и пејат песни кои јас сум ги снимил пред да се родат тие и тоа е комплимент за мене. Нашите концерти изгледаат како една општонародна веселба“, рече.
Не знам, можеби мојата музика е таква што им се допаѓа на сите генерации или, еве, голема благодарност до родителите на тие деца кои им ги пуштале тие песни“, одговори Бајага на барањето да го толкува тој феномен, како ги покривате сите тие генерации.