Доналд Трамп за еден ден целосно ја сменил политиката

Новоизбраниот претседател на САД Доналд Трамп во интервју за „Њујорк тајмс“ потполно сменил неколку клучни ставови што ги застапуваше во текот на предизборната кампања.

Трамп јасно ги осуди ултранационалистите, кои минатиот петок на конференција во Вашингтон ја славеа неговата победа и извикуваа нацистички поздрави.

Во САД деновиве се зголемија апелите на граѓаните Трамп да ја осуди екстремно десничарската група што му изрази подршка.

Трамп кој често на јавноста ѝ се обраќа преку Twiter не ги коментираше реакциите на околу 200 бели националисти од екстремната десница кои викендов во Вашингтон ја славеа неговата победа. На прославата беа сите неонацисти и антисемити, пренесува весникот New York Times.

Весникот оценува дека Трамп, кој оваа група ја извлече од сенка, има задача да осуди таква отровна пропаганда.

Групата која себеси се нарекува Институт за национална политика одржа прослава во центар кој се наоѓа во близина на Белата куќа. Еден од организаторите Ричард Спенсер одржа говор употребувајќи германски збор „хаил“ (heil) кој го користеа нацистите додека останатите одговараа со нацистички поздрав.

Новоизбраниот претседтаел на САД во разговор со New York Times покажа дека повторно го менува мислењето и го порекна тврдењето од кампањата. Во интервјуто Трамп изјавил дека има поврзаност меѓу луѓето и климатските промени и дека размислува дали САД ќе стане дел од меѓународната спогодба за климатски промени.

Трамп во текот на кампањата велеше дека најверојатно нема да му се допадне претседателот Барак Обама, но по средбата со него Трамп го смени мислењето и изјави дека Обама „многу му се допаднал“.

„Мислев дека веројатно нема, но ми се допадна. Навистина ми се допадна,“ рече Трамп во интервјуто за New York Times , пренесува Reuters.