Кошаркарите на Денвер, ЛА Лејкерс, Њу Орлеанс, Њујорк запишаа победи во натореварите во НБА лигата, кои се одиграа во ноќта помеѓу вторникот и средата.
Денвер го победи Чикаго 110:107, благодарение на серијата 24:0 на почетокот на втората четвртина, кога од негативата 17:31, стигна до позитива 41:31.
Мареј со 24 поени, односно Нуркиќ со 14 поени и исто толку скокови го предводеа Денвер, додека кај Чикаго најситакнат беше Бателр со 35 поени, осум скока и шест асистенции.
Њу Орлеанс победи во Атланта 112:94, иако Ентони Дејвис имаше за негови стандарди скромен учинок од 13 поени и три скока. Фрејзер со 21 поен и 14 асистенции ги предводеше Пеликаните до петтата сезонска победа.
Летонецот Порзигинс постигна 31 поен во победата на Њујорк на Портланд 107:103.
Лејкерси славеа во Оклахома во последните пет минути влегоа со предност 100:87, домаќинот успеа да се врати во мечот дури и да поведе, но Јанг со тројка на пет секунди до крајот обезбеди победа за Лејкерси 111:109.
Јанг постигна 17 поени, а Мозгов 16, а на спротивната страна Вестбрук оставри учинок од 34 поени, 13 асистенции и осум скокови.