Во државниот архив во германскиот град Спејер, на југозападот на земјата, пронајден е документ кој покажува дека дедото на новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп, Фридрих, на почетокот на XX век, сакал да се врати од САД и повторно да се насели во родната Германија, но бил протеран од својот роден град Калштад.
„Фридрих Трамп по емиграцијата во САД 1885 година, сакал да се врати во родниот Калштад, но локалните власти одбиле повторно да му дадат државјанство и издале налог за протерување“, рекол Роланд Пил, поранешен директор на Институтот за историја.
На Трамп, кој во меѓувреме станал американски државјанин, одбиен му бил уписот во книгата на германски државјани затоа што при иселувањето во 1885 година не се пријавил на властите и не отслужил воен рок.
„Локалните власти во 1905 година издале налог според кој Фридрих Трамп бил присилен да го напушти подрачјето на тогашното кралство Баварија“, вели Пил, кој како пензионер ја истражува историјата на семејството Трамп.
Дедото на Трамп, растел во Калштад, но во 1885 година заминал во САД, прво во Њујорк, а потоа во време на Златната треска заминал натаму на западот, каде наводно водел гостилница и бордел.
Но, Фридрих и неговата сопруга чувствувале голема носталгија за дома, па се вратиле во Германија, каде поради пропустот при одјавувањето при првото заминување за САД ускратена им е дозволата за престој.
Поради таквата одлука на власта Фридрих и Елизабет Трамп одлучиле на почетокот на 195 година да се вратат во САД, каде истата година е роден таткото на Доналд Трамп.