Обезбедувањето одржливост на пензискиот систем е важна среднорочна цел, предупредуваат од Меѓународниот монетарен фонд во најновиот извештај за Македонија.
Актуелниот пензиски систем се соочува значителна финансиска нерамнотежа поради стареењето на популацијата и намалување на придонесите. Пензискиот дефицит, кој изнесува 4,5 отсто од БДП се планира да се зголеми двојно до 2030-та година, доколку не се спроведат сериозни промени.
Од ММФ препорачуваат да се разгледа опцијата Владата да ја зголеми старосната граница за пензионирање и да имплементираат политики за зголемување на активната работна сила и зголемување на придонесите.
За 2017-та година БНД-то на Македонија се очекува да се зголеми за 3,2 отсто и понатамошно зголемување со директните инвестиции, поради политичката криза економскиот раст за годинава беше намален на 2,2 отсто. Инфлацијата е околу нула отсто во последниве две години, извозот од економските слободни зони комбинирано со ниските цени на нафтата влијаат позитивно на дефицитот во трговската размена, односно негово намалување.
Банкарскиот систем во Македонија е стабилен и профитабилен и со голема ликвидност. Претпазливите макро политики беа успешни во одржување на банкарската стабилност преку серија на депозити и стабилноста на валутата.
За да се одржи фискалната стабилност јавниот долг треба да се стабилизира под 50 отсто од БДП-то на Македонија. Фискалниот дефицит е намален од 4,2 отсто во 2014-та година на 3,5 отсто во 2015-та година.
Стапката на невработеноста е намалена,но се уште е голема, а во иднина се очекува таа да се намалува со побрзо темпо поради странските директни инвестиции. Од ММФ исто така порачуваат дкеа приватниот сектор треба да се засили преку отстранување на пречките како што се пристапот до финансии и непредвидените промени во бизнис средината.