Кај паричната маса во октомври 2016 година е забележан месечен и годишен раст од 0,9 и 3,9 отсто. Притоа во однос на претходниот месец, кај депозитните пари, краткорочните и долгорочните депозити е забележано зголемување, со минимален пад на готови пари во оптек.
Вкупните депозити во октомври, достигна највисоко ниво од почетокот на 2016 година, при соодветен месечен и годишен раст до 1 % и 4 отсто. Вкупните кредити во октомври бележат месечен пад од 0,4 отсто како резултат на падот на кредитите одобрени од корпоративниот сектор.
Од аспект на намената на кредитите, кај потрошувачките и станбени кредити одобрени на физички лица, октомври се задржува трендот на постојаниот месечен раст од 0,8 и 1,8 отсто, при годишен раст до 14,3 и 14,6 отсто. Кај автомобилските кредити забележан е раст на кредитната активност на месечна основа за 1,4 отсто, при годишен пад од 23,3 отсто.
Кредитите одобрени на кредитни картички, како и негативните салда на тековните сметки бележат месечен раст 0,3 и 2,1 отсто, при годишен раст од 0,7 и 5 отсто.
Кај вкупните кредити на домаќинствата е остварен е месечен раст од 1 отсто, при годишен раст од 7,5 отсто.