Без сомнение најголемото промашување во историјата на фудбалот

„Шанса која е потешко да ја помашиш отколку да постигнеш гол“, израз кој постои колку и самата фудбалска игра. Многу често фудбалските фанови биле сведоци на неверојатни промашувања, но она што не успеа да го претвори во гол неименуван српски фудбалер се граничи со невозможното.

ФИФА во понеделникот ја објави листата на десет најубави голови во 2016 година кои конкурираат за наградата „Ференц Пушкаш“, но можеби во Светската организација треба да размислат да воведат награда и за промашување на годината.

Доколку таква награда постоеше годинава, српскиот фудбалер ќе се стекнеше со бесмртност, неговото промашување е можеби наголемо на сите времиња.

Имено, на аматерски натпревар во Србија меѓу Турбина од Врбовац и Локомотива од Макиш, играчот на Локомотива успеа да го промаши празниот гол од далечина не поголема од еден метар.