Возрасен маж, натерал 11-годишно девојче, од соседството, орално да го задоволува во неговиот автомоби, но ги начекала сестрата на девојчето, по што случајот е пријавен во полиција
Имено, како што соопшти полицијата, во неделата во полициска станица во Куманово, Н.С. (34) од Куманово пријавила дека во саботата околу 23 часот, додека спиела, нејзината единаесетгодишна ќерка била повикана од соседот Д.М. од Куманово да влезе во неговиот автомобил „форд фиеста“.
Откако влегла во возилото Д.М. ја натерал орално да го задоволува. Истата била забележана од сестра ѝ која го прекинала дејствието и заминала дома.
За настанот е запознат Центарот за социјални работи Куманово. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.