Пијан зет дошол во куќата на мајката на неговата сопруга, па ги претепал бабата, шурата и бата на невестата.
Во понеделникот, во 19.30 часот во село Таринци, штипско, во семејната куќа, додека С.А. (46) седела во својот дом со својата ќерка М.И., нејзиниот син Д.А. и нејзината свекрва М.А., во дворот дошле нејзиниот зет за ќерка А.И. и неговот брат М.И., двајцата од село Радање, штипско, кои биле под дејство на алкохол.
Тие почнале да го тепаат братот на сопругата Д.А. удирајќи го со неколку тупаници во пределот на телото и главата. Подоцна ја нападнале М.А., удирајки ја во пределот на главата, како и С.А., која била удрена со една тупаница во пределот на слепоочницата по што паднала на бетонот во дворот.
Останатите лица кои дошле со А.И. и М.И. ги спречиле да го продолжат нападот.
Од ударите Д.А.и М.А. се здобиле со телесни повреди, а С.А. се здобила со тешка телесна повреда. На истите им била укажана лекарска помош во Клиничка Болница Штип. СВР Штип презема мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.