На 21.11.2016 година во 10.00 часот во СВР Битола, од Итна медицинска помош Битола било пријавено дека во Битола на ул. „Свети Наум“, во станот сопственост на Н.Г. (48), починал З.М.(45) од Австралија.
Имено, на 20.11.2016 година околу 16.00 часот, починатиот заедно со лицето Ж.Г.(64) од Битола пристигнале во станот на Н.Г., каде бил и М.Х. (58) од Битола. Истите кратко време седеле и пиеле, по што Ж.Г. си заминал, а по него заминал и сега починатиот. По околу час и половина, З.М. се вратил во станот, каде продолжиле да пијат се до околу 02.00 часот на 21.11.2016 година. Околу 02.30 часот З.М. повторно го напуштил станот и се вратил околу 04.00 часот и легнал да спие. Во 07.00 часот, Н.Г. заедно со М.Х. се обиделе да го разбудат З.М. но не успеале. Истите повикале итна медицинска помош, која констатирала смрт. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Битола. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
СВР Битола поднесе кривична пријава против М.М. (62) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „полов напад врз дете кое не наполнило 14 години“ и „задоволување полови страсти пред друг“.
Пријавениот на 14.11.2016 година извршил полови дејствија и се самозадоволувал пред десетгодишно девојче од Битола. Истиот го искористил отсуството на мајката на девојчето и го извршил делото во нивниот дом. Судија на претходна постапка на пријавениот му одреди мерка притвор во траење од 30 дена.