Две жени од Катар во понеделникот вечерта биле ограбени на автопат во близина на Париз, а вредноста на пленот кој го однеле крадците изнесува пет милиони евра, пренесува агенцијата AFP.
Според сé уште неофицијални информации, двет сестри со својот луксузен автомобил „бентли“, од аеродромот „Ле Бурже“ тргнале кон Париз, кога биле пресретнати и ограбени од двајца маскирани мажи.
Агенцијата AFP, повикувајќи се на полициски извори, пренесе дека крадците од „бентлито“ земале сé и дека вредност на нивниот плен изнесува пет милиони евра. Крадците двете жртви претходно ги испрскале со солзавец.
Идентитетот на жртвите сé уште не е познат, но медиумите пренесуваат дека се работи за две 60-годишни сестри од Катар.
Грабежот го пријавил возачот на ограбените жени.
Мрежата TF1 јави дека крадците го пресретнале луксузното возило и го натерале возачот да застане во близина на бензинска станица на патот А1.
Аеродромот „Ле Бирже“ е помалку комерцијален аеродром кој се наоѓа во близина на Париз. На овој аердорм нема комерцијални летови, туку го користат бизнисмени, приватни летала, летачки клубови, а воедно е дом на прочуеното меѓународно авио-шоу во Париз.