Бимилк донираше Битолско трајно млеко со 10 витамини за Млечната кујна во Детската клиника во Скопје.
“Не може да се опише чувството кога ќе ја видите насмевката на детските лица. Тоа е нашиот поттик како општествено одговорна компанија постојано да се стремиме да го поддржуваме и разубавуваме секојдневието на оние на кои тоа им е најмногу потребно. Консумирањето на млеко, особено витаминското млеко е многу важно за здравјето на децата и поради тоа се одлучивме токму на Светскиот ден на детето на Детската клиника во Скопје да и донираме Битолско трајно млеко кое ги содржи 10-те најзначајни витамини за правилен раст и развој. Им посакуваме на сите дечиња во болницата побрзо да оздрават и да ги задржат насмевките на своите лица”, изјави Полексена Јанкуловска, маркетинг менаџер во Бимилк.
Покрај донацијата на млеко, Бимилк им го разубави денот на децата во болницата со Битолското чупе и аниматорите облечени во костими на витамини кои играа со дечињата најразлични детски игри и ги анимираа за време на посетата.
„Денес е прекрасен ден бидејќи децата во Детската клиника во Скопје имаат нов пријател кој се грижи за нивното здравје. Навистина сме благодарни на Бимилк бидејќи цениме што оваа успешна македонска компанија мисли на здравјето на најмладите“, изјави д-р Аспазија Софијанова, директор на Клиниката за детски болести во Скопје.