Порастот на национализмот во богатите земји претставува загрижувачки проблем за илјадници бегалци кои бегаат од војните, преудупредил во неделата комесарот на Обединетите нации (ОН за бегалци), Филипо Гранди, пренесуваат светските агенции.
Гранди апeлирал до меѓународната заедница да се сврти кон соработката, а не кон градењето ѕидови. Гранди, во интервју за Reuters, изјавил дека разговарал со претставници на богатите земји околу ова прашање и дека сака засилување на принципот на правото на азил, додека, пак, некои политичари погрешно ги претставуваат бегалците како закана.
На прашањето дали е загрижен поради судирот на зголемиот прилив на бегалци и растечкиот национализам и популизам на Запад, Гранди одговорил потврдно. „Многу сум загрижен поради овој судир. Имате богати земји кои сé повеќе се вртат против себе“, рекол Гранди, додавајќи дека ова се забележало во САД и во Европа.
„За жал, некои ги користат овие стравови или лошото расположение и ги поврзуваат со присуството на странците. Тоа наведува на погрешен заклучок. Бегалците бегаат поради тоа што се плашат“, навел Гранди.