Албанскиот јазик во моментот е во широка употреба во многу институции во државата на национално и локално ниво и не е потребно негово официјализирање на целата територија во државата, сметаат од Обединетата македонска дијаспора (ОМД).
Во писмената реакција во вторникот, од ОМД, исто така, искажува и незадоволство и спротиставување од изјавата на потпретседателот на Собранието, Рафис Алити од 11-ти април за прогласување на албанскиот како официјален јазик во Република Македонија.
Покрај тоа што сметаат дека официјализирањето на албанскиот јазик, според барањето не Алити е непотребно, во реакцијата на македонската дијаспора се истакнува и дела „употребата на јазиците на малцинствата е утврдена со закон, а Македонија е една од земјите на Балканот и во Европа што најмногу ги почитува тие права.
Од ОМД повикуваат на целосно почитување на Уставот и законите за употреба на јазиците и потсетуваат дека сите политички чинители и граѓани имаат обврска да ги штитат македонските националните обележја, како што се името, знамето и јазикот./крај/мф/мк
Copyright 2015 makfax Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Мakfax.