Локалните челници на СДСМ сакаат во Битола да го пресликаат неодговорното и нејасно однесување на Зоран Заев.
Не веруваат во Обвинителството, ама поднесуваат кривични пријави до него.
Ги оспоруваат изборите, а Заев на такви избори , стана градоначалник.
Го оспоруваат Парламентот, ама Ковачевски нема проблем, по потреба да се претставува како пратеник.
Жално е што во СДСМ во Битола во отсуство на идеја за конструктивни решенија и програма само го копираат деструктивното однесување на Зоран Заев насочено против сопствениот народ и сопствената држава.
На овој начин, преку репризирање на креирани снимени разговори за странски служби, тие стануваат соучесници на лицето З.З. во нарушувањето на човековите права, нарушувањето на приватноста, обидите за сеење страв и несигурност меѓу граѓаните и целосно уривање на институциите на државата.
ВМРО-ДПМНЕ се залага за целосно и неселективно почитување на Уставот , законите и институциите пред кои сите без исклучок сме одговорни и секој што постапил спротивно, а за тоа има цврсти аргументи и докази, неселективно треба да биде повикан на одговорност.
Но СДСМ сака да дели правда по сопствена желба, со креирани и незаконски аргументи, само за да дојде на власт.
Но само пред некој ден, граѓаните им кажаа дека не сакаат „бомби“ туку конкретни дела за подобрување на животниот стандард и економскиот развој на Република Македонија.