Обвинителството оформи предмет и ќе утврдува кој е одговорен за смртта на Тамара од Велес, која почина во понеделникот наутро и не ја дочека операцијата во Турција на рбетниот столб.
„Основното јавно обвинителство – Скопје, по допрен глас, оформи предмет за случајот со починатото девојче Т.Д. од Велес, за кој вчера известија медиумите. Назначен е надлежен јавен обвинител, кој ќе го разгледа предметот и ќе започне постапка за утврдување на фактите и на евентуалната одговорност за смртта“ соопштија од Обвинителството.
Фондот за здравствено осигурување и Министерството за здравство изјавија дека направиле се што е во нивна моќ за да се прати девојчето на операција. Обвинителството сега ќе испитува кој потфрлил во случајот кој се влечеше три години по медиуми и институции.