Премиерот Груевски и министерот Јанакиевски во Новаци

1

Претседателот на Владата на Република Македонија, г-дин Никола Груевски, ги посети поплавените подрачја во општинa Новаци.Оствари средба со граѓаните од поплавените локации, одржа состанок со локалниот кризен штаб во општината Новаци, на кој присуствуваа градоначалниците на општина Новаци,Лазар Котевски , на Битола Владимир Талески, и на општина Могила Стево Пивковски.Потоа, премиерот Груевски оствари средба со претседателот на Сојузот на земјоделци Вељо Тантаров и група земјоделци, во општината на Новаци.