ВО ВТОРНИК РЕДОВЕН ПОЧЕТОК НА ВТОРОТО ПОЛУГОДИЕ

Во вторник на 20 јануари во општина Битола, започнува наставата во второто полугодие во основните и средните училишта. Училиштата се подготвени за непречен вопитнообразовен процес, а градинките исто така се комплетно подготвени за да ги згрижат децата:

„Сите основни и средни училишта се максимлно подготвени во вторник да ги пречекаат децата и да започне непречен образовен процес. Ги повикуваме сите деца редовно да дојдат на настава. Имаме важен процес следново полугодие, затоа што она што е најважно во животот е влогот во образованието. Така што се она што го слушавме деновиве беа само најави на мал круг на луѓе. Проценката е дека објективни услови за штрајк не постојат, односно дека наставата ќе се одвива непречено“, изјави градоначалникот на општина Битола, д-р Владимир Талески, после денешниот состанок со директорите на основните и средните училишта и детските градинки во општина Битола.

Со оваа информација родителите и учениците се известуваат дека наставата непречено ќе се одвива во 12 основни училишта, 7 средни и 2 детски градинки во општина Битола.