Во рамките на одбележувањето на Патрониот ден на УКЛО, на пригодна свеченост што се одржа на 04.12.2014 година, во Салата за состаноци на Ректоратот, комплекс Касарни – Битола, промовирани се доктори на науки на Универзитетот „Св.Климент Охридски” – Битола.
Ректорот проф. д-р Златко Жоглев за доктори на науки ги прогласи:
1. Д-р Татјана Бошков, доктор на економски науки, Економски факултет – Прилеп, наслов на докторската дисертација: Влијанието на девизниот курс врз надворешно – трговската размена во мала и отворена економија – Република Македонија
2. Д-р Наташа Јованова, доктор на науки од областа на безбедноста, Факултет за безбедност – Скопје, наслов на докторската дисертација: Насилството меѓу децата во училиштата – со посебен осврт на превенција
3. Д-р Нол Дедај, доктор на науки од областа на техничките науки, Технички факултет – Битола, наслов на докторска дисертација: Симулациски модел за анализа на влијанието на елементите на возилото и состојбата на коловозот при налет на возило во пешак
4. Д-р Саит Саити, доктор на науки од областа на безбедноста, Факултет за безбедност – Скопје, наслов на докторска дисертација: Превентивната дипломатија и учеството на граѓанскиот сектор во кризниот менаџмент
5. Д-р Душко Иванов, доктор на науки од областа на безбедноста, Факултет за безбедност – Скопје, наслов на докторска дисертација: Контрола на мало и лесно оружје во функција на безбедноста во Република Македонија
6. Д-р Виолета Китановска, доктор по педагогија од областа на методиките, Педагошки факултет – Битола, наслов на докторската дисертација: Супстратните основи на методиките и начините на методичко обликување на воспитно – образовниот процес
7. Д-р Ангелина Станојоска, доктор на науки од областа на безбедноста, Факултет за безбедност – Скопје, наслов на докторската дисертација: Криминалистички карактеристики на трговијата со луѓе во Република Македонија, со посебен осврт на начинот на извршување (modus operandi)
8. Д-р Алиисмет Чочај, доктор на науки од областа на туризмот и угостителството, Факултет за туризам и угостителство – Охрид, наслов на докторска дисертација: Имплементација на финансиските стратегии во менаџирањето со малите и средните претпријатија
9. Д-р Ирена Ружин, доктор на науки од областа на туризмот и угостителството, Факултет за туризам и угостителство – Охрид, наслов на докторската дисертација: Спроведување на маркетинг стратегии во музеите во Република Македонија како неопходност за развој на културниот туризам
10. Д-р Тони Цветаноски, доктор на науки од областа на туризмот и угостителството, Факултет за туризам и угостителство – Охрид, наслов на докторската дисертација:: Човечките ресурси како фактор за унапредување на конкуретноста на мали и средни претпријатија во туристичкото стопанств
11. Д-р Зоран Петрески, доктор на науки по јавна администрација, Факултет за администрација и менаџмент на информациски системи – Битола, наслов на докторската дисертација: Модел на јавен менаџмент со стратегиски карактеристики во јавниот сектор на Република Македонија
12. Д-р Басри Ахмеди, доктор на науки од областа на техничките науки, Технички факултет – Битола, наслов на докторска дисертација: Развој на методологија за планирање и моделирање на трошоци за дизајнирање на WAN – мрежа
13. Д-р Христина Велјановска, доктор по педагогија од областа на методиките, Педагошки факултет – Битола, наслов на докторска дисертација: Превенција на агресивното однесување во предучилишното воспитание
14. Д-р Фанче Јошевска, доктор на науки од областа на техничките науки, Технички факултет – Битола, наслов на докторска дисертација: Моделот на тимско водство според Хил и организациската рамка според Адаир како потребни фактори за ефикасност и ефективност во работата на една организација