Третата сесија во рамките на проектот “Форуми во заедниците“ продолжи денес во Општина Новаци, со цел транспарентно да се реализира работата на oпштината во наредната година, а притоа граѓаните активно да се вклучат во креирањето на буџетот.
„Ние при креираењето на буџетот ги консултираме нашите граѓани и нивните барања и предлози. Тие одат кај нас на разгледување и во голем дел, околу 80-85% се прифатени“ изјави Лазар Котевски градоначалник на Општина Новаци.
За реализација на проектот “Форуми во заедниците“ свој придонес има и Швајцарската Агенција за развој и соработка. Досега во рамките на ЗЕЛС, 57 општини гиимплементирале форумите како алатка преку која граѓаните го даваат својот придонес во креирањето на програмата за работа на општините.
„Општина Новаци е една од општините која до сега покажува доста добри насоки во однос на овие форумски сесии“ рече Ирена Николов – претставник на ЗЕЛС.
Граѓаните и натаму активно учествуваат во овој проект каде ги даваат своите размислувања и предлози и очекуваат поголемиот дел од нив да бидат прифатени.Во рамките на овој проект до крајот на годината ќе се одржат уште две форумски сесии. И наредната ќе биде насочена кон расходните приходи, додека за крај ќе се видат резултатите од предлозите на граѓаните.