Градоначалникот на Општина Битола м-р Наташа Петровска, во текот на вчерашниот ден оствари работна средба со Директорот на Агенцијата за државни патишта на Република Македонија, г-дин Зоран Китанов.
На средбата договорено е да се вклучат во годишната програма на Агенцијата и да се реализираат, следните инфраструктурни проекти:
– Санација и реконструкција на патниот правец Битола до граница со Република Грција,
– Санација и реконструкција на патниот правец Битола Новаци и
– Санација на влезот од страната на Прилеп.