Градоначалничката на Општина Битола, м-р Наташа Петровска, ја информира јавноста, дека во насока на поддршка на спортот во општината, во изминатите денови, Општина Битола исплати 3 670 000 денари или над 60 000 евра и тоа:
800 000 денари на Кошаркарски клуб „Пелистер“
1 270 000 денари на Ракометен клуб „Пелистер“
1 600 000 денари на Фудбалски клуб „Пелистер“
Иако обврските беа преземени, а истите не беа исплатени од претходното општинско раководство, градоначалничката м-р Наташа Петровска, со цел да не се доведе во прашање функционирањето на спортските клубови, одлучи да ги исплати споменатите средства.
Со денешната уплата на средства на Фудбалскиот клуб „Пелистер“, Општина Битола во целост ги исплати обврските кон Фудбалскиот клуб, кои произлегуваат од меѓусебниот договор.
Градоначалничката м-р Наташа Петровска и во иднина, во рамките на финансиските можности на општината, ќе го поддржува спортот во Општина Битола.