Заедничка соработка помеѓу Битола и Словенија, создавање перспективи за понатамошен развој на образованието, културата, а пред се економски напредок, беа дел од темите на кои денес беше ставен посебен акцент во рамките на првата работна средба на Градоначалничката на општина Битола, Наташа Петровска со амбасадорот на Република Словенија во Македонија, Милан Јазбец и претставници од словенското друштво „Триглав”.
Денешната средба претставува почеток на идната плодна соработка: „Оваа средба е само почеток на нешто што треба во иднина да продолжи како длабока соработка која што ќе овозможи реализација на низа проекти и на тој начин ќе овозможи зближување на Република Словенија и Република Македонија, особено на нашата општина, меѓутоа и проекти кои што ќе донесат благодет и за едната и за другата страна и којшто меѓудругото ќе значат зближување на нашите народи“, рече градоначалничката на Општина Битола, Наташа Петровска.
Идната соработка помеѓу двете држави се очекува да донесе напредок во повеќе сфери, со посебен акцент на можноста за напредок во делувањето и животот на младите генерации: „Јас морам да кажам дека сум многу горд што сум гостин на градоначалничката на Битола која што го доби мандатот. Морам да напоменам и дека синоќа бев гостин на 10 годишнината од прославата на словенечкото друштво „Триглав“ која што се одржуваше во Музејот на Битола и да им честитам на словенечките организатори. Имаше повеќе од 100 присутни со една навистина прекрасна културна програма на младата генерација. Јас уште вчера напоменав дека културата не поврзува, но тука немислам само на културна соработка, туку и за стопански развој на двете држави и дека ќе ја искористиме таа можност да ги отвараме темите кои што пред се, се однесуваат на младите генерации, а тоа е соработка со училиштата и универзитетите, поврзување на тие универзитети со меѓународните, којшто нашите универзитети ги поврзуваат со оние во Америка, Канада и Австралија, што претставува можност за тие млади луѓе да се образоваат таму и подоцна како стручни лица да се вратат во своите земји.
За почеток, можност за отварање на страт ап претпријатија, можност за тие млади генерации да се приклучат во истите. На еден начин, дадов и гаранција дека во наредната година ќе организираме две работни средби, една на подрачјето на образованието и науката, како и една регионална конференција на темата стопанство, изјави Гораст Жмавц, министер за словенците во стрaнство. Амбасадорот Јазбец честитајќи и го мандатот на градоначалничката Наташа Петровска, потсети на воспоставената соработка помеѓу двете земји и најави конкретна реализација на повеќе проекти во периодот кој претстои: „Во оваа прилика би сакал да и честитам на новата градоначалничка и моја колешка, Наташа Петровска за почетокот на мандатот .
Воедно и честитам и на претседателката на словенечкото друштво „Триглав“, Тања Франц кое празнува 10 годишнина од своето постоење. Тоа се навистина големи поврзановсти помеѓу Р.Македонија и Р.Словенија, посебнио за Битола како козулски град, место со долгогодишна конзулска традиција. Поврзаностите помеѓу Битола и Р.Словенија започнуваат од почетокот на претходниот век во 1913 година кога тогашниот љубљанскиот градоначалник го испратил својот пријател професорот Јосип Скобернет во Битола да помогне во исправувањето на нозе на локалната управа во градот. И ден денес, во Битола опстојува куќата во која што престојувал професорот Скобернет која е под внимание на Словенечко-Македонското пријателство. Имаме во план повеќе стопански проекти заедно со претпријатија од Битола.
Сакам да кажам дека оваа година Македонија и Словенија празнуваат 25 години од воспоставувањето на дипломатските односи и оваа наша посета претставува дел од тој јубилеј. Сакам да додадам, дека Педагошкиот факултет од Битола соработува со Економско – педагошкиот факултет од Ново Место“, изјави Милан Јазбец, амбасадор на Р.Словенија во Р.Македонија, најавувајќи интензивирање на ваквата соработка.