Државната изборна комисија соопшти дека излезноста на гласачите на локалните избори на територијата на Македонија изнесувала 8,98 насто.
Гласањето почна навреме и се одвива без поголеми проблеми. Денешните локални избори во Македонија се спроведуваат на 3.480 избирачки места во 80 општини и во Град Скопје. Според заклучениот Избирачки список на Државната изборна комисија, право на глас на Локалните избори имаат 1.814.644 гласачи во Македонија.