Земјотрес со магнитуда од 4,2 степени според Рихтеровата скала е регистриран денеска во 11 часот и 55 минути на 140 километри јужно од Скопје, во соседна Грција, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет.
Земјотресот е почувствуван од населението во југозападна Македонија и тоа во Битола и околината со интензитет четири, а во Ресен и Охрид со интензитет од три степени според Европската макросеизмичка скала.