„Два дена не делат од клучната одлука за иднината на Битола. Доста ја жртвувавме Битола, доста кадри од Скопје ја спасуваа Битола, доста некои други место битолчани ја водеа Битола.
Преживеала Битола наша многу окупации од туѓи војски, ама никогаш на памет немаше да ни падни дека најтешка ќе биди окупацијата од оние кои само на хартија се пишеа битолчани.
Да не ни се случи никогаш повеќе такви душегрижници кои се грижат само за сопствените џебови, да ја водат Битола. Блокирани училишта, очајни градинки, никаква инфраструктура, замислени граѓани, сиромаштија, уништен спорт, уништени села, загаден воздух. Тоа во недела престанува. Од понеделник мора да биди поинаку.
На 15. октомври дајте и шанса на Битола да биди она што заслужува:
Град предводник, град со силни училишта, креативни градинки, силен спорт, средена инфраструктура, задоволни и насмеани граѓани, странски инвестиции, туристи, силни компании, чист воздух. Дајте одново сите да се почувствуваме горди кога ќе кажиме дека сме битолчани.
Ниту од Скопје живот за сите доаѓа, ниту од Скопје нова ера почнува.
Одлуката мора да биде исклучиво на битолчани и на никој друг. Дајте и шанса на Битола за вашите деца за вашите пријатели.
Да испратиме силна порака во градот, во државата и пошироко. Битола сака поинаку нека одекне силно каква што е и Битола поинаква. Нашиот број е 34, а нашата идеја е Битола пред се .
Изјави Габриела Илиевска, носител на независна листа ПОИНАКУ.