Деновиве на социјалните мрежи пишуваа на шега дека СДС во овие 5 месеци успеа да измисли времеплов , и да ја врати Македонија во деведесетите.
Младите не се сеќаваат, но повозрасните добро знаат што значи тоа:
Чувство на несигурност и страв. Страв за себе , за своите семејства и иднината на државата. Никој не планира ништо подалеку од еден месец. Ни домакинствата, ни фирмите , ни бизнисмените … се’ е како замрзнато, застанато, неизвесно … како сите да чекаат нешто.
Притисоци, закани и уцени на секој чекор, во секоја институција.
Страв за работното место, страв за пензиите, страв за социјалната помош.
Сите се сеќаваме дека СДС уште во техничката Влада ги бараше Министерствата за внатрешни работи и за Труд и социјална политика.
И тогаш и сега е повеќе од очигледно дека тие се главните институции преку кои СДС партизирано врши најголем притисок врз граѓаните.
Ако овде уште ги додадеме вработените во РЕК ќе ја добиеме целата комплетна слика на груб и недозволив партиски притисок и влијание на Заев врз најранливите, незаштитените, уплашените.
Рации, инспекции, упади, полиција на секој чекор, видливо присутни со луѓе и возила, на раскрсници, булевари, на Широк Сокак.
Почитувани Битолчани, немојте да се плашите. Уплашени се и треба да бидат тие, а не вие.
Може да ви се заканат на работа во РЕК да не одите на митинзи, може да ви всадат страв дека ќе останете без социјална помош, без детски додаток или додаток за нега, може да ве омаловажуваат на работа ако сте ставиле лајк на фејсбук, или затоа што јавно сте се ракувале со противничкиот кандидат на Широк Сокак, но треба да знаете дека со ниски и подли закани се служи само оној кој е уплашен и во паника.
Почитувани Битолчани, немојте да ве поколебаат и да заборавите дека таму, в недела зад параванот вие сте власта и стопанот на овој град и оваа земја и дека вашиот глас е вашето најсилно оружје да се спротиставите на оние кои ве прават да се чувствувате немоќни.
Гласањето в недела нема да биде гласање само за градоначалници и совети, нема да биде ни само за зачувување на иднината на нашата држава.
В недела ќе вие гласате за правда и за враќање на вашето лично достоинство како луѓе, кое ви го исмеваат, понижуваат и газат.
В недела ќе имате можност да бидете и судии и да ги казните сите што дрско си поигруваат со вашата интелигенција и вашата егзистаснција. Битола и Македонија не смеат да бидат играчка на Зоран Заев и СДС. Со заокружувањето на бројот 13 ќе го направите првиот чекор да си ја вратите тапијата и на Битола и на Македонија во ваши раце. Вие сте стопанот, гласајте.